240
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска ја повтори понудата за пружање азил на соборениот претседател на Перу, Педро Кастиљо и неговото семејство.
Лопез Обрадор истакна дека обработката на барањата за азил е во тек и дека вратата е отворена за претседателот на Перу и неговото семејство.
Мексиканскиот претседател претходно изјави дека го смета Кастиљо, кој беше соборен од функцијата и уапсен по обидот незаконски да го распушти Конгресот, за вистински претседател на Перу, објави „Ројтерс“.