Претседателот на Мексико одбил вакцина: Лекарот ми рече дека имам доволно антитела

159 прегледи

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека засега нема да прима вакцина за коронавирус.

Тој ја оправда својата одлука со мислење на лекарот кој го лекуваше кога во јануари беше позитивен на коронавирус и потврди дека сè уште има „доволно антитела и дека не му е потребна“, пишува „Ел Паис“.

„Им реков дека двајца лекари ми рекоа „да“, а лекарот кој ме лекуваше ми рече „не“, бидејќи имам доволно антитела и не е потребно, односно можам да чекам“.

Оваа изјава се совпаѓа со почетокот на кампањата за локалните избори, во која дистрибуцијата на вакцини, која многу доцни, стана главна тема.

Во декември, Мексико ја одобри употребата на вакцината Фајзер, потоа вакцината АстраЗенека, а потоа беше регистриран и Спутник В.

Слични содржини