Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави во Вилнус на самитот на НАТО дека она што западните сојузници ѝ го понудиле на Украина „апсолутно не е доволно“, иако е јасно дека таа не може да влезе во НАТО додека трае војната со Русија, бидејќи членството на Украина автоматски ќе го вклучи Западот во војната.

„Претходните предлози апсолутно не се доволни. Се надевам дека за неколку години Украина ќе биде полноправна членка на НАТО. Треба да бидеме едногласни за да можеме да зборуваме за полноправно членство на Украина во моментов, да одлучиме денес дека Украина ќе биде членка, дури и утре“, изјави претседателот Дуда за новинарите на вториот ден од самитот.

Анджеј Дуда нагласи дека е јасно оти Украина не може да стане членка на НАТО додека трае војната.

„Поради тековната војна и земајќи го предвид членот 5 од Пактот и колективната одбрана, сега не е возможно да се приклучи кон НАТО“, рече Дуда и предупреди дека не е ни можно да се каже сега кога Украина би можела да добие полноправно членство.

Според полскиот претседател, влезот на толку голема земја како Украина со толку големи природни ресурси, голема армија со огромно борбено искуство ќе биде големо засилување за НАТО.

„Полска ќе продолжи да работи на тоа Украина да се приклучи на НАТО што е можно побрзо“, рече Дуда.

Вчера членките на НАТО успеаја да се договорат за текстот на декларацијата за идниот прием на Украина, а таа содржеше формулација дека „ќе ја поканат Украина кога ќе дозволат условите“, но и покрај надежите на официјален Киев, нема никакви временски рокови во декларацијата, пренесува државното полско радио.

Слични содржини