264
Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, изјави дека Украина треба да биде означена како терористичка држава поради плановите за „убивање на руски новинари“ и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „треба да одговара“ за тоа.
„Украина треба да биде означена како терористичка држава сега кога Киев почна да планира да убива руски новинари, а претседателот Володимир Зеленски треба да одговара“, напиша денеска претседателот на Државната дума на својот Телеграм канал, пренесе ТАСС.
Володин рече и дека Киев, откако „ја почна војна против сопствениот народ, сега цели кон цивили од други земји“.