Претседателот на руската Дума: Германија и Франција да платат отштета на луѓето во Донбас

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин денеска изјави дека Берлин и Париз треба да им платат отштета на жителите на Донбас поради изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека договорите од Минск и овозможиле на Украина да зајакне.

„Признавањето на Меркел ја става моралната и материјалната одговорност за настаните во Украина на Германија и Франција“, напиша тој на својот Телеграм профил, пренесе ТАСС.

Војната во Донбас во 2014 година заврши со потпишување на договорот Минск II во Белорусија на 12 февруари 2015 година.

По долги преговори во главниот град на Белорусија, мировниот договор Минск II го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и тогашниот претседател на Украина Петро Порошенко. Во преговорите учествуваа и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Со гореспоменатиот договор беше договорен целосен прекин на огнот кој стапи на сила на 15 февруари 2015 година, како и повлекување на тешкото вооружување и размена на заробеници.

„Тие ќе треба да платат отштета на жителите на републиките во Донбас за осумгодишниот геноцид и предизвиканата штета. Ова е само почеток“, рече Володин.

Слични содржини