Украинските власти три пати ја открија неспособноста на НАТО, изјави претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.
„Очигледно, ова е почеток на крајот на Алијансата. Најинтересно е што властите во Киев, кои се хранат со оружје на НАТО, сега ја водат Северноатлантската алијанса во гроб. Режимот во Киев три пати му ја откри на светот неспособноста на Алијансата“, напиша Володин на Телеграм.
Тој изнесе три примери кои го поткрепуваат неговото мислење, а тоа се соборувањето на романскиот бомбардер со проектил над Црното Море, летот на дрон над членките на НАТО Романија, Унгарија и Хрватска, пред да падне во Загреб, како и погодување на цел во Полска со украинска ракета, пишува ТАСС.
„Замислете што би се случило доколку (украинскиот претседател Владимир) Зеленски има нуклеарно оружје“, додаде Володин.