Претседателот на руската Дума: Ракетите од Западот може да се вратат на тој Запад како бумеранг

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Ракетите, кои Вашингтон и Брисел ѝ ги испорачуваат на Украина, поради непрофесионалноста на режимот во Киев, можат да им се вратат на сопствениците како бумеранг, изјави претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин.

„Ракетите, кои Вашингтон и Брисел ѝ ги испорачуваат на Украина, поради непрофесионалноста на режимот во Киев, можат да им се вратат на сопствениците. Ова е принципот бумеранг. Министерот за одбрана на Украина, Алекеј Резников, изјави дека не се разбира во проектилите, бидејќи е адвокат и не прави разлика меѓу еден вид оружје од друг“, напиша на Телеграм претседателот на Државната дума на Русија.

Според Володин, САД во својата желба да ја продолжат војната до последниот Украинец, ја претвораат Европа во заложник, на кој може да му се вратат овие подароци, пренесе „Спутник“.

Русија претходно испрати протестна нота до западните земји поради испораката на оружје за Украина. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека желбата на Западот Украина да ја победи Русија на бојното поле само ја намалува можноста за мировен процес.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека западните испораки на големо количество оружје за Украина не придонесуваат за успехот на руско-украинските преговори и ќе имаат негативен ефект.

Слични содржини