Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел мораше да се сокрие во засолниште за време на посетата на Одеса поради нападот врз украинскиот град, соопштија европските претставници.
За време на состанокот со украинскиот премиер Денис Шмихал, „учесниците итно морале да го прекинат состанокот и да се скријат поради ракетен истрел во регионот“, јавува Би-Би-Си.
Мишел го посети градот во југозападна Украина за да се увери во влијанието на руската војна врз глобалните резерви на храна.
Шефот на украинската морнарица го информирал за штетата што ја оставиле руските ракети истрелани од морето, а ги посетил и уништените станбени згради во градот.
Претседателот Владимир Зеленски од Киев се приклучи на разговорите за тоа како ЕУ може да продолжи да ѝ помага на Украина.
I came to celebrate #EuropeDay in #Odesa, the city where Pushkin said that "you can feel Europe."
And where today the Ukrainian people shield their monuments from bullets and rockets and their freedom from Russian aggression.
You are not alone.
The EU stands with you. pic.twitter.com/kneuEOvepb— Charles Michel (@eucopresident) May 9, 2022