Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, на Твитер објави дека претседателот на Србија му понудил 100.000 вакцини „Фајзер“ против коронавирусот како подарок, а Вучиќ одговори со објава дека се среќни што може да му помогнат на братскиот чешки народ.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ми понуди неверојатен подарок на нашата заедничка средба. 100.000 вакцини „Фајзер“ што Србија е подготвена да ги донира, ќе ни овозможат уште повеќе да ја забрзаме вакцинацијата. Јас навистина ја ценам понудата. Ви благодарам“, напиша Бабиш на Твитер.
Претседателот на Србија одговори на ова место на чешкиот премиер.
„Среќни сме што можеме да му помогнеме на братскиот чешки народ. Да живее пријателството меѓу Србија и Чешка“, објави Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес, во рамките на официјалната посета на Чешка, се состана со премиерот Андреј Бабиќ.