Претседателот на Сојузот на синдикати (ССМ), Слободан Трендафилов обвинува дека државната новинска агенција избришала снимка со неговата изјава по денешната седница на Економско-социјалниот совет во Владата.
„До мене пристигнуваат загрижувачки пораки дека Медиумската информативна агенција (МИА) која во живо ги пренесуваше изјавите на синдикатите по одржување на седницата на Економско-социјалниот совет, го прекинала преносот во живо, а видеото од преносот го избришале и не може да се најде на нивниот официјален профил? Во прилог го објавувам делот од видеото објавено па избришано од МИА, а целата изјава по завршување на седницата ќе биде објавена подоцна“, објави Трендафилов на својот Фејсбук профил.
„Стасавте и да цензурирате?!“ – прашува тој.