Претседателот на Светска банка: Не складирајте бензин и храна, ќе има доволно

од Milan1

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас денеска апелираше до луѓето и компаниите ширум светот да не акумулираат храна и бензин, и покрај зголемените цени по рускиот напад врз Украина и острите санкции против Москва, објави „Ројтерс“.

Дејвид Малпас на виртуелен настан организиран од Вашингтон пост рече дека санкциите ќе имаат поголемо влијание врз глобалното економско производство отколку самата војна.

Тој исто така рече дека очекува силен одговор од производителите ширум светот за зголемување на залихите и дека не гледа потреба луѓето да имаат дополнителни залихи во нивните кујни или ресторани.

Украина доби уште 200 милиони долари од Светската банка

Украина поради рускиот напад ќе добие дополнителна финансиска помош од 200 милиони долари од Светска банка, соопштија вечерва од таа финансиска институција.

Овие средства ќе бидат наменети за украинските социјални услуги, а вкупната вредност на помошта на Светска банка за Украина досега надмина 925 милиони долари, објави Укринформ.

Слични содржини