Претседателот Пендаровски беше присутен на литургијата во предвечерието на Христовото раѓање во католичкиот храм во Скопје

378 прегледи

Вечерва во католичката црква во Скопје, се оддржа литургија по повод предвечерието пред Христовото раѓање, односно утрешниот голем ден – Божиќ.

Упатени пораки од предводникот на католичката црква за добро здравје и подобри времиња, одекнуваа во храмот. На литургијата беше присутен и претседателот, Стево Пендаровски со својата сопруга, а на својот фејсбук профил тој сподели фотографии покрај кои стои пораката:

„Се надевам дека ќе успееме да ја зачуваме енергијата и светлината на божиќните празници преку целата година, останувајќи грижливи, солидарни и хумани, постојано имајќи добра мисла и дарувајќи љубов. Христос се роди“, се вели во фејсбук статусот на претседателот Пендаровски.

Слични содржини