Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на законот за попис

364 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.

Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

За потсетување, наспроти ставовите на опозицијата, премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев повтори дека не гледа никакви причини за одложување на пописот. Во однос на ставот на опозицијата му е драго што повеќе не го слуша повикот за бојкот и потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да собира потписи, бидејќи само еден пратеник може да поднесе нов или измена на друг закон.

Слични содржини