Претседателство на Косово: Побаравме нашата полиција и НАТО заеднички да патролираат во пограничната област

од Radmila Tasevska
539 прегледи

Претседателството на Косово денеска реагираше на изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој одговарајќи на критиките во врска со неговата идеја КФОР да биде распореден на север, рече дека тоа било барање и на претседателката Вјоса Османи, пишува Газета Експрес.

Портпаролот на косовското претседателство Беким Купина рече дека претседателот Османи на секоја средба со партнерите и сојузниците појаснувал дека КФОР е третиот одговор за поддршка на косовската полиција, која прва одговара, на секој дел од нејзината територија.

Купина понатаму рече дека Косово побарало поддршка од НАТО за заеднички патроли во пограничната област, каде што ќе бидат вклучени и војници на КФОР, со цел да се спречи влез на терористички групи од Србија.

„Претседателката Османи во секој разговор и средба со партнерите и сојузниците појаснуваше дека мандатот на КФОР е само како трет одговор и поддршка за косовската полиција, која е првиот одговор и која е клучна институција за владеење на правото и безбедност во секоја дел од нејзината територија. Институциите на Косово побараа поддршка од НАТО, за да има војници на НАТО во патроли во пограничната област, заедно со косовски полицајци, за да се спречи влез на терористички групи и напади од Србија“, рече Купина, пишува Експрес.

Слични содржини