167
Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија ќе учествува на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ во Охрид.
Самитот ќе се одржи на 7 и 8 јуни, а ќе започне со работна вечера на која ќе присуствуваат и учесниците на регионалниот собир.
Оваа регионална иницијатива ја сочинуваат Србија, Албанија и Северна Македонија, а заминувањето на претстојниот самит претходно го најави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.