Претседавање со ЦЕФТА: Главен фокус во делот на спроведувањето на трговијата со услуги

од Nikola Popovski
315 прегледи

Македонија оваа година ќе претседава со Централно европскиот договор за слободна трговија ЦЕФТА. Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција истакна дека претседавањето доаѓа во момент со започнување на имплементацијата на Акцискиот план на заедничкиот регионален пазар кој беше усвоен во Софија во ноември 2020 година.

Претседавањето со ЦЕФТА, како што рече на денешната прес-конференција во Владата заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, ја изразува нашата волја и посветеност за обезбедување на непречено спроведување на ЦЕФТА договорот.

Главен фокус во делот на спроведувањето на трговијата со услуги, нагласи, ставаме на олеснување на трговијата со туристички услуги, поштенски и финансиски услуги, како и договор за решавање на клучните трговски бариери во туризмот и овозможување на меѓусебно признавање на лиценците, идентификување на моделите на соработка со цел да се намалат трошоците за движење на луѓе, стоки и услуги поврзани со осигурувањето во регионот.

Евроамбасадорот Гир посочи дека економскиот инвестициски план што беше презентиран меѓу ЦЕФТА и ЕУ има за цел подобро меѓусебно интегрирање на земјите од Западен Балкан, како и со Унијата, додавајќи дека претседавањето на Северна Македонија со ЦЕФТА дава можност за значаен напредок во многу области.

Слични содржини