GAC ја претстави новата, втора генерација на својот луксузен MPV модел M8 во Кина.
Вестите нагласуваат дека новиот M8 е фокусиран на луксузот, технологијата и просторот, а се нуди со бензински, хибридни и plug-in хибридни погонски единици.
Вниманието веднаш го привлекуваат големата хромирана решетка (која GAC ја нарекува „Soaring Wings 2.0“), но и тенките LED фарови инспирирани од лава.

Новиот М8 е поголем од стариот модел, што практично значи дека е долг 5212 mm, широк 1893 mm и висок 1823 mm, додека меѓуоскиното растојание е 3070 mm.
Што се однесува до внатрешноста, според фабриката, таа претставува највпечатлива надградба во однос на претходната генерација, по изглед, материјали и технологија. Се издвојуваат 14,6-инчниот екран на допир, 12,3-инчниот дигитален инструмент табла и осветлената рачка на менувачот што одговара на бојата на амбиенталното осветлување.

Клиентите ќе имаат на располагање две кабински теми, едната подискретна во црно-бела боја и другата поелегантна „Royal Opera“ со црвени, златни и бели нијанси. Распоредот на седиштата може да се прилагоди благодарение на преклопениот трет ред и лизгачкиот втор ред, со што овој MPV со седум седишта ќе се претвори во мобилна сала за деловни состаноци со четири седишта.
M8 ќе се нуди во бензински, хибридни и plug-in хибридни верзии, при што електрифицираните варијанти ќе го користат хибридниот систем на Toyota, најверојатно во комбинација со локално произведен мотор од 2,0 литри.

Новиот GAC M8 ќе биде достапен во Кина од ноември оваа година, додека неговата цена не се споменува во вестите.