Претставничкиот дом на САД гласаше по втор пат за помалку од една година со тесно мнозинство за Округот Колумбија (District of Columbia D.C.) да стане 51-ва сојузна држава, но таа одлука мора да биде поддржана од Сенатот во кој ќе се соочи со противење на републиканците застапници.
Долниот дом на Конгресот, во кој демократите имаат мнозинство, гласаа со 216 гласа „за“ и 208 „против“ за иницијативата американскиот главен град да стане сојузна држава.
Демократите: Тоа ќе ја реши неправдата која трае со векови
Жителите на Вашингтон со големо мнозинство ги поддржуваат демократите, па како сојузна држава би донела уште двајца демократски сенатори во горниот дом на Конгресот, со што би се сменила рамнотежата на силите во Сенатот, кој во моментов има 50 демократи и 50 републиканци. Демократите со децении се обидуваат на Вашингтон да му дадат статус на сојузна држава, а овој пат тие се охрабрени од изборот на Џо Бајден за претседател и контролата врз двата дома на Конгресот.
Последните територии кои добија таков статус беа Хаваите и Алјаска во 1959 година.