Претставниците на Косово и Србија ќе се сретнат во јануари да разговараат за исчезнатите лица

од Radmila Tasevska
172 прегледи

Претставници на Косово и Србија ќе се сретнат во Швајцарија на крајот на јануари 2024 година за прашањето за исчезнатите лица од војната во Косово, пренесува БТА.. Вонредниот состанок ќе се одржи со посредство на Меѓународниот Црвен крст.

Според „Економија онлајн“, се уште постојат сомнежи дека на територијата на Србија има масовни гробници, во кои се закопани телата на загинатите во војната во Косово 1998-99 година.

Оваа година косовските власти извршија ископувања околу селото Штавал во југозападна Србија, кои траеја само две недели.

Според Андин Хоти, претседател на косовската владина комисија за исчезнатите, на состанокот на крајот на јануари ќе се разговара за тоа дали може да продолжи ископувањето на наводните масовни гробници во Србија. Според Хоти, најверојатно во Штавал има масовна гробница.

– Ова е итен, вонреден состанок што ќе се одржи во Женева, Швајцарија, а ќе биде поддржан од Меѓународниот Црвен крст. Оваа средба е можност нашите меѓународни пријатели, меѓународниот фактор директно да ги согледаат нашите барања, како и да ја видат блокадата што Србија ја поставува, рече Хоти.

Слични содржини