Претседателот , Ѓорѓе Иванов ќе ја прошири Комисијата за помилување со уште еден член.
Новиот член треба да дојде од редот на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Во јавноста, деновиве имаше жестока дебата за тоа кого сé помилувал претседателот , откако телевизијата Телма, повикувајќи се на објавените имиња во Службен весник, истражуваше кој за што е осуден и објави дека станува збор и за убијци на млади луѓе и за човек кој предизвикал сообраќајка во која загина осуммесечно бебе. Одлуките за помилување претседателот ги донесе пред но и по нова година.
Со ова бројот на помилувани само во еден месец изнесува 207. Годинава најголем е бројот на помилувани во споредба со претходните четири кои можат да се најдат на претседателскиот портал.
Телма открива: Нов список помилувани од Иванов , вкупно 207 лица
Така претседателот лани за Нова година помилувал 24-ца, во 2014-та – 53-ца во 2013, 51 затвореник а во 2012, 41затвореник.
