Западните земји кои ја снабдуваат Украина со оружје ја обвинуваат Русија за ситуацијата со децата во конфликтните зони во Украина и се обидуваат да ја обвинат Москва за „киднапирање“ на малолетници, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја на неформалниот информативен состанок на Советот за безбедност на ОН кој заседаваше на руска иницијатива.
Според Небензја, над 3.000 цивили, меѓу кои 152 деца, загинале во Донбас од 2014 до декември 2021 година, пренесува ТАСС.
„Во моментов, овие бројки рапидно растат, во значителна мера поради западните испораки на оружје со долг дострел, што им овозможува на украинските сили да погодат цивилни области кои претходно биле надвор од нивниот домет“, рече Небензја.