Претставникот на германската влада за Западен Балкан: Косово припаѓа на Советот на Европа

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Пратеникот на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин изјави дека ставот на Германија е јасен – дека Косово е во срцето на Европа и дека припаѓа на Советот на Европа.

Сарацин на Твитер напиша дека министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала вчера ја пренела поддршката на Германија за земјата за членство во Советот на Европа.

Приштина на 12 мај поднесе барање за прием во Советот на Европа, што Белград го оцени како кршење на Вашингтонскиот договор.

Слични содржини