Преведувачот на Радио-телевизија Србија, кој вчера го преведуваше говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ на Генералното собрание на Обединетите нации, на крајот од неговиот говор почна да се смее.
Имено, вчера претседателот на Србија беше еден од лидерите кои зборуваа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
Вучиќ зборуваше за војната во Украина, ја спореди ситуацијата со Косово, говореше за важноста на мирот и договорите, а потоа говорот го заврши со зборовите со кои често ги завршува јавните обраќања во Србија: „Да живее Србија“.
Преведувачот, откако ги преведе последните зборови на Вучиќ, токму на „Да живее Србија“, почна да се смее, што можеше да се слушне и во програмата.
Prevodilac nije mogao da izdrži pic.twitter.com/Lszou9tdFJ
— Mijat (@MijatMinja) September 21, 2022