Превкусни Рафаело топчиња чија подготовка е брза и едноставна

од Stefanija Kuzmanovska
520 прегледи

Рафаело топчињата се едни од оние десерти кои го наоѓаат своето место на секоја празнична трпеза, а доколку планиравте да ги направите овој Божиќ, најдовме одличен рецепт на профилот на Инстаграм zalogajcic_hr.

Овој рецепт е многу едноставен, така што може да го испробаат потполни аматери, а резултатот е генијален. Дефинитивно ќе ви се допадне!

Состојки

1/2 л млеко
2 пудинзи од ванила
7 лажици шеќер
300 г кокос
250 г маргарин или путер
250 г шеќер во прав
цели лешници или бадеми

Подготовка

-сварете го пудингот во 1/2 литар млеко и додадете во него седум лажички шеќер
-додадете 250 грама путер и 250 гр шеќер во прав во готовиот пудинг, а потоа добро измешајте
-додадете 200 гр кокос и добро измешајте
-ставете ја смесата во фрижидер половина час да се олади, а потоа извадете ја
-од смесата одделувајте парче по парче формирачте топчиња, а потоа со прстот направете вдлабнатина во која ќе ставите бадем или орев и прекријте го отворот
-кога ќе направите топчиња, ставете ги уште еднаш во 100 гр кокос и ставете ги во сад или чинија

Слични содржини