Презакажно уништувањето на минско-експлозивните и убојни средства на Криволак

175 прегледи

Одложено за денес закажаното уништување на минско-експлозивните и убојни средства поради невремето кое владее во земјава, и истото ќе се оддржи кога временските услови ќе го дозволат тоа.

Оваа информација ја потврди и ДЗС, од каде седум пиротехничари ќе го изведат уништувањето на овие експлозивни направи.

„Поради снегот и екстремно ниските температури што владеат во земјава, планираното уништување на минско-експлозивни и убојни средства што беше закажано за денеска се одлага за некој нареден термин, кога ќе се стабилизира временската состојба во земјава“, посочи Драгољуб Попоски, пиротехничар од ДЗС.

Во таа насока, тој истакна и дека во оваа кампања требаше да се изведат три уништувања во трите термини 16, 19 и 23 февруари. Ако на 19 февруари, петок, временските услови се подобрат, ќе се изврши првото уништување, а терминот од денеска ќе биде презакажан за следната недела.

Во трите акции треба да бидат уништени преостанатите околу 4 500 убојни средства пронајдени во целата земја, од кои околу 4 000 се ископани крај градскиот стадион во Битола, со што ќе се заокружи оваа операција.

Како и претходните и овие уништувања ќе се изведат на воениот полигон Криволак под надзор на првите луѓе на ДЗС, Армијата и МВР.

Слични содржини