Peugeot го претстави редизајнот на моделите 308 и 308 SW, чија продажба ќе започне на есен 2025 година.
Автомобилите се произведуваат во фабриката во Мулхаус, а клиентите ќе можат да избираат помеѓу четири типа на погон – електричен, plug-in хибриден, хибриден и дизел.
Најзначајната новина е електричниот e-308 со батерија со корисен капацитет од 55,4 kWh и опсег од 450 km според WLTP циклусот.
Поддржува брзо полнење до 100 kW, што овозможува полнење од 20 до 80% за околу половина час. Plug-in хибридниот развива 195 КС и нуди до 85 km електрично возење, додека хибридната верзија со 145 КС е дизајнирана како полесен премин кон електрификација. Дизел моторот 1.5 BlueHDi со 130 КС исто така останува во понудата.
И двете варијанти, седан и караван, добија редизајниран преден дел со нова светлосна графика и осветлено лого.
Внатрешноста го носи i-Cockpit со дигитална инструмент табла, 10-инчен централен екран и нов мултимедијален систем со безжична поврзаност за паметни телефони.
Карванот 308 SW останува попрактична опција со волумен на багажникот од 598 до 1487 литри и можност за преклопување на седиштата во сооднос 40/20/40.
Моделите од 2026 година нудат и напредни системи за поврзување, вклучувајќи далечински ажурирања на софтверот, планирање на рути за електрични верзии и функцијата „Plug & Charge“ на јавни полначи.
Peugeot, исто така, нагласува употреба на рециклирани и обновливи материјали – околу 30% од масата на возилото е составена од „зелени“ материјали, вклучувајќи рециклиран алуминиум, пластика и полимери.