Денес беше заокружена првата пезентација од клучната акција – мобилност за учење на индивидуи, од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Клучната акција 1 овозможува многу во делот на едукативните процеси, овозможува мобилност, тренинзи и обуки што го унапредуваат образованието, а средствата што ќе бидат извоени за К1 изнесуваат близу 3,569,051.00 евра“, посочија од Агенцијата.
Меѓудругото, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност информира дека е голем интересот за презентацијата, односно над 200 лица ја следеле денешната презентација.
Презентацијата за клучната акција еден продолжува и на 13 и 14 април 2021 година од 11:00 до 13:30 часот, додека од 19 до 23 април предвидена е презентација за клучна акција два. Агенцијата соопшти дека за двете клучни акции пријавени се речиси 550 лица.