Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите во Скопје, денеска ја промовираа кампањата и платформата „shtetesia.mk“. Оваа платформа, во име на коалицијата, ја презентираше Башким Бакиу, раководител на Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците.
„Shtetesia.mk – е национална платформа, каде што сите граѓани, без разлика, ќе имаат можност да го претстават својот проблем за добивање државјанство. Целта на оваа платформа е да соберат информации од граѓани кои се соочуваат со проблем за добивање државјанство, сега веќе 30 години од независноста на Северна Македонија“, вели Бакиу.
„Да се биде без државјанство значи да не бидеш признаен како граѓанин од една држава во рамките на нејзиниот закон. Поради оваа правна аномалија, Република Северна Македонија ги спречува жителите на нејзината територија да имаат пристап до основните граѓански, политички, економски, културни и социјални права. И покрај фактот дека Република Северна Македонија е потписник на важни конвенции преку системот на човекови права на Советот на Европа, како и Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации, кои предвидуваат дека секој има право на државјанство „соодветно, на ниту едно лице не треба да му биде одземено правото на државјанство, денес на територијата на земјата има лица кои се законски невидливи, односно лица без државјанство“, смета тој.
„Ние ќе преземеме сеопфатен процес за собирање основни податоци од лица без државјанство во Република Северна Македонија, сето тоа преку платформата shtetesia.mk, за да можеме потоа да извршиме политички притисок за решавање на овој проблем “, додаде Бакиу.
На крајот од оваа презентација, двајцата лидери на коалициските партии, Зијадин Села и Африм Гаши, им се обратија на новинарите.
„Државјанството е минимална државна обврска кон секој граѓанин на нашата земја и сè уште не можеме да и дозволиме на државата со банални причини да им го ускратува на граѓаните ова основно човеково право”, изјави првиот човек на АА – Зијадин Села.
Во дискусијата се вклучи и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, кој додаде: „Државата конечно мора да се ослободи од стравот дека расте бројот на една етничка заедница и со тоа да го попречи правото на граѓаните да имаат документ за државјанство”.