Преживеаниот терорист од Брисел е Нахим Лакрауи!

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Полицијата се уште трага по осомничениот за крваивиот напад на аеродромот “Завентем”

20160323.ggbaqulgzg

Властите во Белгија  ја продолжуваат потрагата по третиот маж од аеродромот во Брисел, за кого се смета дека е поврзан со бомбашките напади од вчера. Осомничениот Нахим Лакрауие  сеуште е на слобода, објави Ројтерс, повикувајќи се на белгискиот весник DH.атентатори

Нахим е поврзан и со нападите во Париз од ноември минатата година. Во понеделникот истражители открија дека неговата ДНК е откриена во дувлото на напаѓачите од француската престолнина. За него исто така е јасно дека тој патувал во септември 2015 година до Унгарија заедно со парискиот бомбаш Салах Абдеслам. 20160323.ghcujjclhv

Како што локално.мк  соопшти белгиските медиуми ги објавија имињата на двајцата камикази кои се разнесоа на аеродромот “Завентем” во Брисел. Ова се браќата Калид и Брахим ел-Бакраоуи кои само пред една недела успеаја да и избегаат на полицијата по пукање за време на антитерористичка операција во белгиската престолнина.