Пријател на Путин застана на страната на Русија: „Односите се цврсти“

од Stefanija Kuzmanovska
111 прегледи

Односите меѓу Русија и Кина се заемно корисни и цврсти, не се насочени едни против други и се засноваат на взаемна доверба и почит.

Ова го изјави официјалниот претставник на министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијан.

Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека, според него, Кина не ги гледа односите со Русија како потенцијален сојуз и се обидува да држи одредена дистанца.

„Долгорочниот, здрав и стабилен развој на односите меѓу Русија и Кина се заснова на взаемна доверба“, нагласи Жао.

Кинескиот функционер рече дека Кина ќе продолжи да се придржува до петте принципи на мирен соживот – развивање пријателски односи со другите земји, промовирање на нов тип на атмосфера на меѓународни односи, координација и позитивна соработка меѓу големите земји.

Слични содржини