При контрола во камион и магацин пронајдена поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење

од Radmila Tasevska
127 прегледи

На 01.02.2023 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на подрачјето на Гази Баба, сопственост на Б.М.(45) од с. Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини