Пилоти на Американ Ерлајнс вчера присилно спуштија авион на лондонски Хитроу, откако се распрсна ветробранско стакло. Портпаролот на компанијата го потврди случајот и наведе дека се истражува зошто дошло до тоа.

Еден од патниците на Твитер објави и фотографија на распрснатото стакло.
Авионот летал од Милано за Њујорк. По слетувањето, патниците со други летови стигнале до својата дестинација.