23
Полициски службеници од ОВР Ресен и од СВР Битола вчера во 19.30 часот го лишиле од слобода Е.А.(51) од ресенското село Грнчари.
МВР соопшти дека по добиена наредба од Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари.
-При претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.