Прибс: Заканата на Трамп дека може да се кандидира како независен е контрапродуктивна

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Претседателот на американската Републиканска партија, Рајнс Прибс изјави дека Доланд Трамп самиот ќе си го отежне освојувањето на претседателската кандидатура на републиканците, со неговите закани дека ќе се кандидира како независен кандидат, доколку не се однесуваат чесно со него.трамп

Во неколку ТВ интервјуа Прибс истакна дека кандидатите понекогаш даваат такви изјави со надеж дека ќе извршат притисок врз партијата, но додаде дека тоа не поминува.

– Таквите изјави имаат последици, предупреди претседателот на републиканците.

Трамп, кој понекогаш е во затегнати односи со Националниот комитет на Републиканската партија, уште еднаш се закани дека ќе се кандидира како независен, доколку не ја добие републиканската номинација.

Прибс напомена дека доколку некој од кандидатите обезбеди поддршка од 1.237 делегати пред Конвенцијата во Кливленд во јули, тој ќе ја освои номинацијата на партијата. Но, доколку никој не успее во тоа, делегатите ќе можат да гласаат за кого ќе сакаат.