Причините за вагинален јадеж

од Vladimir Zorba
7,K прегледи

Вагината е најранливото место од женското тело. Оваа интимна област е многу нежна и со кревка рамнотежа. Микрофлората на вагината лесно може да биде нарушена, а оттаму да се појават и различни причини за чешање .6de4fece4321dae142bee1634f498fa4

Кои се најчестите?

Бактериска вагиноза

Бактериската вагиноза е најчестата причина за вагинален јадеж. Таа се должи на нерамнотежа во корисните бактерии на вагината и промената во вагинална pH.
Често бактериската вагиноза се меша со габична инфекција токму заради чешањето.

Габична инфекција

Габична инфекција исто така може да биде помешана со габична поради чешањето. Таа се карактеризира со појава на чешање, лоша миризба и густо жолта течност.
Габичната инфекција на вагината може да се добие при употреба на некои антибиотици, стрес, промена во диетите и опасен секс.

Контактен дерматитис

Контактниот дерматитис може да се добие како резултат на алергии или одредени производи. За да го намалите ризикот од контактен дерматитис во областа на вагината, избегнувајте кондоми, лубриканти и сапуни со мириси. Тие предизвикуваат оток, чешање, црвенило и задебелување на слузокожата.

Егзема и псоријаза

Генетските и автоимуни заболувања на кожата како овие можат да предизвикаат чешање во пределот на гениталиите. Чешањето може да е придружено со осип и црвенило. Третманот обично вклучува кортикостероиди и помага за ублажување на непријатноста.

Сексуално преносливи болести

Сексот без заштитни мерки доведува до зголемен ризик од голем број сексуално преносливи болести. Еден куп од нив би можеле да предизвикаат чешање, вклучувајќи кламидија, херпес, трихомониаза, гонореја, кандидијаза.

Лихен склерозус

Ова е сериозна состојба која предизвикува чешање во вулвата. Се појавува во форма на бели дамки на кожата околу вагината и по неа. Кожата може да се задебели. Нема јасна идеја за механизмот на кој настанува оваа болест. Се смета дека е предизвикано од хиперфунцкија на имунолошкиот систем или хормонален дисбаланс.

Хормони

Во различни периоди од месецот, а и од животот во принцип, женските хормони претрпуваат промени. Месечниот циклус, менопаузата, бременоста се уште сериозни фактори кои влијаат врз хормоналниот баланс.

При промени во нивоата на хормоните може да се појави вагинален јадеж.

Слични содржини