Министерството за внатрешни работи на самопрогласената Република Придњестровје денеска соопшти дека од територијата на Украина било пукано врз магацини за оружје во близина на селото Колбасна на нејзина територија.
„Утрото на 27 април, во 8:45 часот по локално време, беше отворен оган од украинска страна во правец на станбената зона Колбасна“, соопшти Министерството на својот канал Телеграм, пренесе ТАСС.
Во соопштението се наведува дека синоќа над селото Колбасна во областа Рибница биле забележани неколку беспилотни летала, а на територијата на Придњестровје од Украина биле лансирани дронови, наведува руската агенција.