Прифатен е текстот на спогодба со ЕУ за учество на С. Македонија во програмата Дигитална Европа

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување на Меѓународна спогодба помеѓу Европската Унија и Северна Македонија за учеството на Северна Македонија во програмата на Унијата – програма Дигитална Европа за периодот 2021-2027 година и го разгледа и прифати усогласениот текст на оваа спогодба, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација.

Програмата DIGITAL, според информацијата од Министерството, претставува програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација.

Владата го овласти министерот за информатичко општество и администрација да ја потпише Спогодбата.

Слични содржини