Претседателот на Парламентот на Шри Ланка денеска соопшти дека ја прифаќа оставката на претседателот Готабаја Рајапакса, два дена откако тој побегна од земјата.
Рајапаска ја напушти земјата во средата, откако демонстрантите упаднаа во претседателската резиденција и други јавни згради.
„Готабаја официјално поднесе оставка“, изјави пред новинарите претседателката на парламентот Махинда Јапа Абејвардана.
Рајапаска ја испрати оставката по електронска пошта.
Тој во саботата побегна од својата резиденција, која беше окупирана од демонстранти, обвинувајќи го за лошо управување со земјата, која минува низ најтешката економска криза во својата историја.
Тој во средата успеа да ја напушти Шри Ланка и да отпатува на Малдиви, а вчера со авион замина за Сингапур, од каде испрати писмо со оставка.