349
Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, вчера изјави дека борците на таа воена чета напредувале до 230 метри во Бахмут, во различни правци, а дека 2,9 квадратни километри од градот останале под контрола на Украина, објави прес-службата на Пригожин преку „Телеграм“.
„Вчера единиците на Вагнер напредуваа до 230 метри во различни правци и окупираа 58.000 квадратни метри непријателска територија“, рече Пригожин, цитиран од ТАСС.