Пригожин: Авганистанци се борат во редовите на Вагнер во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Мал број борци од Авганистан се борат во редовите на руската паравоена формација „Вагнер“ во Украина, изјави денеска основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

„Да, навистина, авганистанските борци се борат во редовите на Вагнер, во мал број. Имаме артилериска единица, која е претходно обучена да работи со артилериски системи произведени од САД, М-777 плус хаубици и борците од Авганистан работат со Антиоклопни системи копје и друго оружје што успеваме да ги купиме од украинските единици или да ги земеме како трофеј“, напиша Пригожин на Телеграм, пренесува ТАСС.

Слични содржини