Пригожин цинично до Шојгу: „Дојди во Бахмут, имаш големо воено искуство“

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин испрати писмо до рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин минатата недела изјави дека ќе ја повлече својата приватна војска од бруталната битка за источниот украински град Бахмут и се пожали дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на армијата Валериј Герасимов не ги снабдуваат неговите војници со муниција.

Иако ја повлече наредбата за повлекување, не престана да ги критикува руските власти. Тој со недели се жали дека руското министерство за одбрана не им доставува доволно муниција на неговите платеници, а сега објави писмо во кое цинично го повикува Шојгу да го посети Бахмут.

„Почитуван Сергеј Кужугетович,

Во моментов, единиците на приватната воена компанија „Вагнер“ контролираат повеќе од 95 отсто од населбите во Бахмут и продолжуваат со офанзивните операции со цел целосно ослободување. На крилата на Вагнер, каде што се наоѓаат силите на вооружените сили на Руската Федерација, непријателот започна серија успешни контранапади.

Имајќи ја предвид моменталната тешка оперативна ситуација, како и вашето долгогодишно искуство во борбени операции, ве повикувам да дојдете на територијата на Бахмут, која е под контрола на паравоените сили на Руската Федерација, и самостојно да ја процените сегашната ситуација. Однапред ви благодарам, ја очекувам вашата согласност“, напиша тој во писмото до рускиот министер.

Слични содржини