Пригожин го кине синџирот на Путин

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Плимата на војната во Украина се сврте против руските платеници од „злосторничкото здружение“ Вагнер во најжестоката битка од војната во Бахмут, а на нивниот воз, управуван од „машиновозачот“ Пригожин, кој е во константен недостиг од погонско гориво, му се заканува излетување од шините.

Тој отворено застана против највисоките руски воени лидери, „беснееше“ во видео кое, во стилот „ти кажувам ќерко, сети се снао“ беше прикриено упатено кон рускиот претседател. Пригожин упати шокантни закани дека ќе ги повлече своите трупи и ќе објави детали за неуспесите на руската војска доколку неговите сили не ја добијат потребната муниција, а сега протекоа документи дека Пригожин преговарал со Кијив да ги предаде руските позиции во Бахмут.

Некои Руси завршија мртви или во затвор за многу помалку.

Подбивањата и тирадите на Евгениј Пригожин, основачот на паравоената група Вагнер, кој стана еден од најистакнатите руски гласови во конфликтот, сè повеќе ги откриваат очигледните раздор во руските воени напори и го поткопуваат рускиот претседател Владимир Путин, пишува Бизнисинсајдер.

Се чини дека Путин неодамна ја запре својата поддршка за Пригожин во корист на Министерството за одбрана, кое го надгледува огромното мнозинство руски војници, но беше под остри критики за неуспешни операции.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини