Пригожин: Контраофанзивата на Украина веќе започна, активната фаза во наредните денови

од Stefanija Kuzmanovska

Евгениј Пригожин, водачот на приватната руска воена група „Вагнер“, денеска изјави дека верува оти украинската контраофанзива веќе започнала и дека неговите сили забележуваат зголемена активност долж фронтот.

Во изјавата објавена од неговата прес-служба на Телеграм, Пригожин навел дека „активната фаза“ на контраофанзивата ќе започне во наредните денови, пренесе „Ројтерс“.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, претходно денеска најави дека Киев наскоро ќе започне контраофанзива против руските сили и рече дека е уверен оти Западот потоа ќе ѝ испорача модерни борбени авиони на Украина.

Слични содржини