Пригожин планирал да ги уапси Шојгу и Герасимов: Нови детали за заговорот на шефот на Вагнер

од Nikola Popovski

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин планирал да уапси двајца од највисоките руски воени функционери кога во саботата го започнал краткотрајниот бунт, објави „Волстрит журнал“.

Како што се наведува, заговорот на Пригожин вклучувал апсење на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за време на нивната посета на пограничната област, јавува Си-Ен-Ен.

Се додава дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) дознала за заговорот два дена пред таа да се случи, принудувајќи го Пригожин во последен момент да ги промени своите планови и наместо тоа да се упати кон Москва.

Претходно „Њујорк тајмс“ објави дека Суровикин, кој е и заменик командант на руската „специјална воена операција“ во Украина, однапред знаел дека Пригожин планира бунт против руските претставници од секторот одбрана.

Слични содржини