202
Шефот на руската приватна паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека борбите за заземање на Бахмут „практично ја уништиле“ украинската армија, но и „тешко ги оштетиле“ неговите сили.
„Битката за Бахмут сега речиси практично ја уништи војската на Украина и, за жал, сериозно ја оштети и приватната воена компанија Вагнер“, рече Пригожин во аудио порака, пренесува „Ројтерс“.