115
Украинската армија на крајот ќе изврши контраофанзива, но тешко дека ќе се вклучи во неа сега, во услови на кашест снег и кал, изјави командантот и основач на руската паравоена формација Вагнер – Евгениј Пригожин.
„Офанзивата не може да се започне сега од сосема разбирливи причини – среде страшниот кашест снег и кал. Ниту камионите не можат слободно да се движат овде, а камоли тешки возила и тенкови. Ќе бидат потребни десет дена за да се исуши земјата“, рече тој.
Додаде дека не знае кога Украина ќе изврши напад, но дека факт е дека тоа ќе се случи, пренесе ТАСС.