Пригожин за првпат во јавноста по неуспешниот бунт

од Stefanija Kuzmanovska

Основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, првпат е виден во јавноста откако го предводеше бунтот во Русија минатиот месец, јавува Си-Ен-Ен.

Како што е наведено, на Телеграм, на канал кој ја поддржува групата „Вагнер“, се појавило видео во кое Пригожин ги поздравува своите борци во Белорусија. Видеото беше споделено и на профилот на Пригожин.

„Добредојдовте момци! Со задоволство ви посакувам добредојде. Добредојдовте во земјата Белорусија! Се боревме достоинствено! Направивме многу за Русија“, вели маж кој изгледа и звучи како Пригожин.

Во видеото, еден од борците му се обраќа на водачот како „Евгениј Викторович“, што е името и презимето на Пригожин.

Во видеото, лидерот на „Вагнер“ го критикуваше планирањето и извршувањето на воените операции во Украина од страна на руското министерство за одбрана и сугерираше дека неговите војници засега нема да се борат во Украина.

Си-Ен-Ен наведува дека сите индикации се дека видеото е автентично, можеби снимено во навечер во вторник на 18 јули или во зори во среда на 19 јули.

Сепак, видеото е снимено на слаба осветленост, па Си-Ен-Ен не може со сигурност да ја потврди автентичноста и локацијата на снимката.

Слични содржини