Приходите на 500-те најголеми компании изнесуваат повеќе од 1/3 од светскиот БДП

од Берта Китинска

2021 година беше исполнета со предизвици за 500-те најголеми компании на магазинот Fortune. Тие пријавуваат пад на приходите, пишува BanklessTimes.com.

Веб-страницата откри дека вкупниот приход на 500-те најголеми компании во светот изнесува 31,7 трилиони долари, што е намалување за 4,8% во однос на 2020 година, кога тие беа 33,3 трилиони. долари.

Аналитичарите го припишуваат ова намалување на ефектите од Ковид-19. Тоа го забави растот на светската економија, што пак влијаеше на продуктивноста, а со тоа и на продажбата.

И покрај намалените приходи, компаниите генерираат вредност еднаква на една третина од глобалниот БДП. Ова е многу сериозно достигнување – со оглед на тешкото опкружување во кое мораа да работат.

Презентацијата на BanklessTimes за првите 10 светски компании со приходи открива дека американските компании окупираат пет од местата. Лидер е Walmart со приходи од над 559 милијарди долари, кој продолжува да ја одржува првата позиција од 2017 година.

Гигантот за е-трговија Аmazon е на третото место со приход од 386 милијарди долари. Технолошкиот гигант Apple е на шестото место со приход од околу 274 милијарди долари. Седмото и осмото место се за здравствените компании CVs Health (269 милијарди долари) и UnitedHealth Group (257 милијарди долари), соодветно.

Во првите десет со три претставници сериозно се присутни и кинеските компании. Кинеската државна електроенергетска мрежа е пред Amazon на второ место со приход од 386,6 милијарди долари. China National Petroleum (283,9 милијарди долари) и Sinopec Group (283,7 милијарди долари) се на четвртото и петтото место, соодветно.

Топ десет ја формираат јапонската автомобилска компанија Toyota и нејзиниот германски конкурент Volkswagen. Toyota е на деветтото место со 256,7 милијарди долари приход, додека десеттата позиција останува на VW со приход од 253,9 милијарди долари.

Неколку компании известуваат за импресивни резултати, и покрај севкупниот пад на приходите на компаниите од Global 500. Големиот победник во 2021 година е Amazon. Компанијата ги зголеми приходите за речиси 38%, што и донесе профит од 21 милијарда долари, што е скок за 84% во споредба со 2020 година.

Други компании со посериозен профит се Toyota, UnitedHealth Group и CVS Health.
Производителот на автомобили објави зголемување на профитот од 13% до 21 милијарда долари. Профитот на UnitedHealth и CVS Health се зголеми за 11 и 8%, соодветно, на 15 милијарди и 7 милијарди долари.

Слични содржини