287
Колумбискиот пејач и текстописец Карлос Вивес откри како се чувствува неговата блиска пријателка Шакира по раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике.
„Ја прашав како се чувствува и таа ми рече дека е тажна. Нормално да е таква, и јас поминав низ такво нешто. Јасно е дека си тажен во такви моменти, има тешки моменти, особено кога имаш толку убаво семејство“, изјавил тој за странските медиуми.
Потсетуваме дека Шакира и Пике поминаа 12 години заедно и добија два сина Милан и Саша. Следеше разделбата, според пишувањата на медиумите, поради наводното неверство на Пике.
Пејачката, инаку, не можеше да го издржи притисокот кој сепак настана, па со синовите ја напушти Барселона и замина на одмор.