Кеси Вентура се расплака на суд додека зборуваше за својот „срам“ што присуствувала на секс забавите наречени „freak off“ организирани за Шон Диди Комбс. На вториот ден од нејзиното сведочење, таа го обвини дека ја силувал на крајот од нивната врска.
За време на вториот ден од сведочењето, објави „Скај њуз“, пејачката и модел ѝ раскажа на поротата за неколку наводни насилни инциденти и рече дека раперот ја уценувал со компромитирачки видеа.
На поротата ѝ беа прикажани сексуално експлицитни фотографии од сексуални средби, „freak off“, во кои Вентура беше присутна и со ескорт девојки. Во тој момент, судницата завладеа целосна тишина. Комбс ги погледна и фотографиите – ги прелиста и ги врати назад.
На една од тие фотографии, Кеси позираше со ескорт девојка по име Грег, и додека опишуваше што има на фотографијата, рече дека носела многу високи потпетици и била намачкана со бебешко масло.
Раперот се изјасни за невин по сите обвиненија. Неговите адвокати признаа дека можеби бил насилен, но дека сите сексуални односи биле консензуални и дека никогаш не станува збор за организиран криминал.
Вентура, која е бремена со своето трето дете, сведочеше мирно и смирено поголемиот дел од времето, но на крајот се скрши. Последната капка што ја прелеа чашата беше прашањето зошто таа одлучила да сведочи.
„Не можам повеќе да го поднесам ова. Не можам да го поднесам срамот, вината, начинот на кој се однесуваше со луѓето како да се потрошна роба. Она што е правилно – е правилно. Она што е погрешно – е погрешно. Дојдов тука да го правам она што е правилно“, рече таа.
На почетокот на 2023 година, Вентура почнала да има „флешбекови“ и самоубиствени мисли и побарала помош и терапија поради траума. Таа рекла дека е „невозможно да се знае“ колку пати учествувала во „freak off“ средби, но дека имало стотици од нив додека биле во врска.
Вентура, исто така, проговори за тоа како Комбс ја силувал во дневната соба од нејзиниот дом во Лос Анџелес, откако таа му кажала дека ја прекинува врската. „Се сеќавам само дека плачев и реков не, но сè се случи многу брзо“, рече таа.
Патем, Вентура го тужеше Комбс во ноември 2023 година, а случајот беше решен со спогодба во рок од 24 часа. На судот му беше кажано дека таа добила 20 милиони фунти.
Вентура, исто така, откри дека добивала закани од Комбс кога накратко излегувала со музичарот Скот Мескуди, попознат како Кид Кади. Тогаш Комбс ја нападнал и ја шутнал во грб и се заканил дека ќе го разнесе автомобилот на Мескуди. Во тужбата се наведува и дека автомобилот на Кади експлодирал во влезот од неговиот дом околу тоа време.
Таа, исто така, раскажа како го криела насилството на Комбс од блиските, вклучувајќи го и инцидентот во кој претрпела длабока посекотина над левото око затоа што раперот наводно ја фрлил кон рамката на креветот. Неговото обезбедување ја однело кај пластичен хирург во Беверли Хилс, наместо во болница.
На јавноста ѝ е познато дека Комбс ја претепал Вентура, а фокусот се врати на хотелските снимки од 2016 година кога раперот беше насилен кон пејачката во ходникот.
Кога ја прашале дали учеството на freak off состаноците влијаело на нејзиното здравје, Вентура одговорила потврдно. Таа тврди дека има проблеми со стомакот и чести уринарни инфекции. Таа додаде дека овие настани влијаеле и врз нејзиното ментално здравје бидејќи ја правеле да се чувствува празно и одвратно.
Вентура изјави дека никогаш не сакала да има сексуални искуства со други луѓе, туку дека првично го правела тоа за да му угоди на мажот што го сакала, а подоцна од страв. Таа рекла дека имала 22 години и немала искуство кога започнала врска со Комбс, кој бил 17 години постар од неа.